Бакнати од сонцето

„Митрески и Илиевска успеваат како ретко кои домашни автори да создадат едно чувство на интима во перформансот, на дијалог без зборови меѓу публиката и актерите. Додека го гледате перформансот, се чувствувате вовлечени во внатрешниот свет на секој од актерите. Ги живеете и се соживувавте со нивните емоции, пренесени со една скоро детска искреност.

Подигни ме

Претставата ја соголува човековата осаменост и биолошката детерминираност, но и наоѓа топлина и смисла и ја остава публиката позитино шокирана и наполнета. Функционира преку принципот "предупреден значи вооружен". Претставата "Подигни ме" ја имаше својата премиера во јуни 2018 година во Културниот центар Ацо Караманов во Радовиш.Во режија на Македонка Илиевска и Златко Митрески.

СОНЦЕ ВО МОЈАТА УСТА

"Сонцето во мојата уста" е мултимедијален перформанс со актери-лица со интелектуална попреченст. Премиерата беше реализирана во 2014 година во галеријата Кочо Рацина Скопје. Мора да се нагласи дека со овој вид на социјален ангажман, независниот театар "Пи" отвора нова страница во нашиот театарски простор, промовирајќи специјализиран театар за лицата со попреченост.

Пиеса „69“

Претставата "69", се базира на четирите едночинки на оскаровецот Алан Бол.Премиерата се оддржа на 20 декември со почеток во 20 часот во џебното кино во Младинскиот културен центар во Скопје. Ова е прв пат во Македонија да се постави пиеса според текстовите на овој современ американски автор

МАЛИОТ ПРИНЦ

Претставата "Малиот принц", во која сите актери се лица со интелектуална попреченост корисници на дневниот центар ПОРАКА Скопје, се одржа на малата сцена на Македонската опера и балет. Целта на театарската претстава е да ги истакне можностите и потенцијалите на лицата со интелектуална попреченост и да придонесе за нивната афирмација како еднакви граѓани во нашето општество.

OXYGEN

Тие очекуваат од мене да имам посебни потреби. Тие очекуваат да не сакам, да не се вљубувам, да немем деца, да не знам како да пеам, да не пеам, да не дишам ... кислород. "Театар Пи" работеше заедно со лица со интелектуална попреченост од дневниот центар "Порака". Финалниот производ е театарска претстава чија премиерна претстава беше на 8 декември 2018 година во Националната галерија Мала Станица.

Класот Х

Претставата Класот Х е жестока, интензивна и вознемирувачка и ја открива сликата на нашата реалност во образованието. Раскажува за млади и сиромашни луѓе од дисфункционални семејства, кои израснале во најтешки околности и изолирани не по своја вина.